Хроника

СЕ ОПИЛ, ПА ЗЕМАЛ ПУШКА ДА ПУКА: Приведен 72-годишник од кичевско

СЕ ОПИЛ, ПА ЗЕМАЛ ПУШКА ДА ПУКА: Приведен 72-годишник од кичевско

Полициски службеници лишиле од слобода 72-годишен маж од кичевско, откако под дејство на алкохол пукал со пушка од својата куќа во кичевското село Свињишта. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 20 часот. П.Т. (72), според пријавата, испукал неколку куршуми од огнено оружје – пушка. По преземените мерки, полицијата го одзела оружјето. При извршеното алкотестирање кај него биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Жан Митрев