Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ: Почина поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди

Поранешниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди почина во Тетово откако му се слошило за време на тренинг на ФК Шкендија.

ТАЖНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ: Почина поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди

Во Тетово денеска почина поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Агрон Мемеди. Според информациите, нему му се слошило за време на денешниот тренинг на ФК Шкендија, по што починал. Тажната вест ја потврди и тетовскиот клуб, кој се прости од својот поранешен фудбалер и член на техничкиот штаб. Мемеди бил дел од црвено-црното семејство, најпрво како играч, а потоа и како член на стручниот тим.

Шкендија се прости од својот член

„Денес, нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство“, објави Шкендија во прошталната порака. Од клубот изразија сочувство до семејството Мемеди, роднините и сите кои го познавале и го сакале, додавајќи дека тој засекогаш ќе остане дел од нивното семејство.

„Почивај во мир, Агрон “

Во објавата, клубот го испрати Мемеди со зборовите: „Почивај во мир, Агрон !“. Неговата смрт претставува загуба за тетовскиот клуб и македонскиот фудбал, каде што остави трага и како фудбалер и како член на техничкиот штаб.

 

Жан Митрев