Свет

ТЕНЗИИ НА УЛИЦИТЕ ВО СЕУТА: Група млади Шпанци бркале мигранти низ градот

Група од околу 50 млади Шпанци се организирала во центарот на Сеута и бркала мигранти, додека Шпанија дополнително ја зајакнува границата.

ТЕНЗИИ НА УЛИЦИТЕ ВО СЕУТА: Група млади Шпанци бркале мигранти низ градот

Група од околу 50 млади Шпанци се организирала во центарот на Сеута и тргнала по мигранти кои се наоѓале на градските улици, објави порталот „Проверено“. Според објавените информации, младите се собрале на плоштадот „Плаза де лос Рејес“, незадоволни од начинот на кој шпанските власти се справуваат со мигрантската криза. Дел од насобраните лица биле со покриени лица, а низ улиците извикувале „Да живее Шпанија“ и „За Мароко“.

Брканици и физички судир на улиците

Кога неколку мигранти почнале да се повлекуваат од плоштадот, групата тргнала по нив, по што дошло и до физичка пресметка. Во објавата се наведува дека присутните аплаудирале секогаш кога ќе натерале некој од мигрантите да го напушти просторот. Засега нема официјални информации за бројот на повредени или приведени лица во конкретниот инцидент.

Шпанија ја зајакнува границата со Мароко

Инцидентот се случува по масовното влегување на десетици илјади луѓе од Мароко во шпанската енклава, што предизвика голема безбедносна и хуманитарна криза. Најголем дел од лицата потоа се вратиле во Мароко, додека шпанските власти го засилиле присуството на полицијата и војската. Шпанија започна и со поставување пловечка бариера долга околу 500 метри во морето меѓу Мароко и Сеута, со цел да спречи нови масовни преминувања.