Хроника

УАПСЕН КИЧЕВЕЦ ПО СООБРАЌАЈКА: Возел со забрана, па одбил да направи алкотест

44-годишен кичевец е приведен откако возел со активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил алкотест.

УАПСЕН КИЧЕВЕЦ ПО СООБРАЌАЈКА: Возел со забрана, па одбил да направи алкотест

Полицијата во Кичево привела 44-годишен маж кој управувал автомобил иако имал активна забрана за возење. Според информациите од МВР, тој учествувал во сообраќајна незгода на улицата „11 Септември“ во Кичево. По незгодата, возачот одбил да му биде извршено алкотестирање.

Возел иако имал забрана

Станува збор за А.М. од Кичево, кој бил запрен од полициски службеници откако учествувал во сообраќајната незгода. При проверката било утврдено дека тој имал изречена активна забрана за управување со моторно возило.

Одбил да дува алкотест

По преземените мерки и документирањето на случајот, 44-годишникот бил приведен во полициска станица. Полицијата продолжува со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ОЗНАКИ: Кичево