Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СКОПЈЕ“: Нова порака за топло добредојде на влезот во главниот град
На влезот во главниот град е поставена пораката „Добредојдовте во Скопје“, со која на сите посетители им се посакува топло добредојде

На влезот во главниот град е поставена пораката „Добредојдовте во Скопје“, со која на сите посетители им се посакува топло добредојде. Од Град Скопје велат дека станува збор за уште еден чекор во разубавувањето на градот и создавање препознатлив изглед. Посочуваат дека секој детал е важен кога се гради пријатна атмосфера за жителите и гостите. Пораката има цел да остави позитивен прв впечаток кај сите што пристигнуваат во Скопје. Според градските власти, уредувањето на јавниот простор продолжува со внимание и посветеност. Целта е Скопје да биде град со препознатливо лице и топла душа.
