Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „ГРАДИШТЕ“ КРЦА: Стотици млади на голема забава покрај Охридското Езеро

Плажата „Градиште“ денеска е преполна со млади кои уживаат во голема дневна забава покрај Охридското Езеро. На видеото што пристигна до редакцијата на 24часа се гледаат голем број тинејџери и студенти, додека од звучниците ечат популарни хитови. Атмосферата е разиграна, а плажата буквално „крца“ од посетители.
Охрид за продолжениот празничен викенд е исполнет со млади луѓе пристигнати од различни градови. Забавата на „Градиште“ е само најава за она што ќе следува во вечерните часови. Вечерва во Охрид е закажан и големиот концерт на Слаткаристика, кој се очекува да привлече уште поголем број посетители. Охрид и ова лето се потврдува како една од најпопуларните дестинации за забава на младите.
View this post on Instagram