Магазин

(ВИДЕО) КУЧИЊАТА САМИ ГИ ИЗБРАА СВОИТЕ ЛУЃЕ: Емотивен ден за посвојување во „Лајка“

Во „Лајка“ во Скопје кучињата сами ги избираа луѓето со кои почувствуваа поврзаност, во емотивен ден посветен на посвојувањето.

(ВИДЕО) КУЧИЊАТА САМИ ГИ ИЗБРАА СВОИТЕ ЛУЃЕ: Емотивен ден за посвојување во „Лајка“

Во прифатилиштето „Лајка“ во Скопје бил организиран поинаков ден за запознавање и посвојување – наместо луѓето да избираат куче, кучињата добиле можност сами да му пријдат на човекот со кој чувствуваат поврзаност. Организаторите признаваат дека на почетокот биле скептични дали воопшто ќе се создаде таква блискост, но кучињата уште еднаш покажале колку силно умеат да препознаат внимание, сигурност и љубов.

Секое куче си го пронашло својот човек

Според објавата на „Лајка“, секое куче без двоумење му пристапило на некого. Некои веднаш легнале покрај избраниот човек, други побарале галење, а трети не се одвоиле од него ниту еден чекор. Денот бил исполнет со насмевки, прегратки и силни емоции, а впечатокот бил дека животните како долго време да го чекале токму човекот кон кого се упатиле.

Зад решетки чекаат уште многу кучиња

Од „Лајка“ потсетуваат дека зад решетките со месеци, а понекогаш и со години, живеат прекрасни кучиња чија единствена желба е да му припаѓаат некому. Иако дел од нив некогаш биле напуштени или изневерени од човек, тие не престанале да им веруваат на луѓето. Доволни им се еден поглед и подадена рака за повторно да бидат подготвени некому да му го доверат целото свое срце.

 

ОЗНАКИ: Лајка