Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеа граѓаните нула денари – трошоците ги покрија општествено одговорни компании

(ВИДЕО) Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеа граѓаните нула денари – трошоците ги покрија општествено одговорни компании

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека настаните организирани по повод 35 години независност ги чинеле граѓаните нула денари. Тој посочи дека трошоците за организацијата биле покриени од општествено одговорни компании. Мицкоски нагласи дека за овие активности не биле користени средства од државниот буџет.

Во рамки на одбележувањето на 35-годишнината беа организирани повеќе културни и музички настани низ земјава. Како дел од програмата беше и големиот вчерашен концерт на Дејвид Гета во Скопје, со кој заврши серијата настани.

Според Мицкоски, со поддршката од компаниите било овозможено граѓаните да присуствуваат на настаните без тие да бидат финансиски товар за нив. Тој посочи дека на овој начин 35 години независност биле одбележани со голема и разновидна програма.

Погледнете го видеото каде Мицкоски вели дека граѓаните ги чинало се ова нула денари: