Македонија

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево, но попладне локално невреме со дожд и грмежи

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но попладне локално се очекуваат дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево, но попладне локално невреме со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови локално ќе има услови за врнежи од дожд и засилен ветер. На места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Температурите ќе се движат од 21 до 29 степени, зависно од регионот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во скопје попладне нестабилно

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурите до 29 степени

Највисока температура од 29 степени се очекува во југоисточните и источните делови од земјата. Утринските температури ќе бидат посвежи, а во текот на денот ќе следи постепено затоплување.

ОЗНАКИ: МЕТЕО