Регион
Дознај прв
ВУЧИЌ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРЕН ПОРАЗ: Ќе им честитам, но ќе кажам дека најлошите дошле на власт
Александар Вучиќ изјави дека нема да ја напушти Србија доколку СНС ги загуби изборите и ги откри можните термини за гласање.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија ги загуби следните избори. Тој нагласи дека не се плаши од можен пораз и дека по гласањето ќе бидат преброени сите гласови. Вучиќ рече дека доколку политичките противници победат, ќе им честита уште истата вечер, но ќе порача дека „најлошите можни дошле на власт“.
„Ќе им се смеам и од затвор и од гроб“
Српскиот претседател изјави дека ќе им се смее во лице на противниците и во случај да заврши во притвор или затвор. Тој додаде дека истото би го правел „и од гроб“, пркосно и гордо. Според Вучиќ, тој се плаши единствено од Бога, историскиот суд и судот на сопствениот народ.
Ги откри можните термини за изборите
Вучиќ посочи дека доколку парламентарните избори се одржат во октомври, претседателските би можеле да бидат организирани кон крајот на декември 2026 или на почетокот на јануари 2027 година. Доколку парламентарното гласање биде во ноември, претседателските избори, според него, најверојатно би се одржале во јануари или најдоцна во почетокот на февруари 2027 година. Конечниот термин за изборите сè уште не е утврден.
