Македонија
Дознај прв
ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СТРУГА: Епицентарот бил во Албанија, со магнитуда од 4 степени
Земјотрес со магнитуда од 4 степени и епицентар во Албанија утрово беше почувствуван во Струга и околината.

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово беше почувствуван во Струга и околината. Епицентарот на потресот бил на територијата на Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил регистриран во 7:52 часот на 29 јули.
Епицентарот бил 144 километри од Скопје
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Потресот бил почувствуван од жителите на Струга и околните населени места. Интензитетот во овој дел од Македонија бил проценет на III степени според Европската макросеизмичка скала.
Граѓаните повикани да го пријават потресот
Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот на нивната интернет-страница. Информации може да се достават и преку бројот за итни случаи 112. Прибраните податоци ќе бидат искористени за понатамошни сеизмолошки истражувања. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

