Македонија

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ ЗА 2 АВГУСТ: Почитувајте ги правилата и не возете под дејство на алкохол

РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење за 2 Август, кога се очекува зголемен сообраќај на патиштата низ Македонија.

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ ЗА 2 АВГУСТ: Почитувајте ги правилата и не возете под дејство на алкохол

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел за внимателно и одговорно возење по повод 2 Август – Денот на Републиката. За време на празничниот викенд се очекува зголемен број возила и поголем интензитет на сообраќајот, особено на патиштата кон туристичките места и локациите каде што ќе се одбележува Илинден. Од РСБСП предупредуваат дека поголемата фреквенција ја зголемува и опасноста од сообраќајни незгоди.

Да се почитуваат брзината и сигнализацијата

Возачите се повикуваат да ги почитуваат ограничувањата на брзината, сообраќајната сигнализација и условите на патот. Потребно е да одржуваат безбедно растојание, да не претекнуваат непрописно и да покажат трпеливост и сообраќајна култура. Од Советот посочуваат дека агресивното и нервозно возење нема да ги намалат гужвите, туку дополнително можат да ја загрозат безбедноста.

Алкохолот и воланот не одат заедно

РСБСП апелира возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и да не користат мобилен телефон додека возат. Сите патници треба задолжително да користат сигурносен појас, а возачите кои патуваат на подолги релации да тргнат одморени и да прават почести паузи. Пораката е празникот да биде одбележан достоинствено и безбедно, бидејќи секоја одговорна одлука во сообраќајот може да спаси човечки живот.