Регион
ЖЕНА ИСЧЕЗНАЛА ВО ГРЦИЈА: Станар од Македонија признал дека ја убил

Жена исчезнала во Грција
Грчките медиуми објавија дека 43-годишен македонски државјанин признал убиство на 45-годишната Ставрула Левентиоти во Ханија, на островот Крит.
Последен ја видел жива
Според информациите, станува збор за нејзин станар, кој бил последната личност што ја видела жива пред нејзиното исчезнување. Жената исчезнала на крајот на мај, а случајот предизвикал големо внимание во грчката јавност.
Истрагата продолжува
Осомничениот претходно неколкупати давал изјави пред властите и медиумите, тврдејќи дека сака да помогне во потрагата. Подоцна, според грчките медиуми, тој го признал убиството и го посочил местото каде што било пронајдено телото. Како можен мотив го навел спорот околу куќата, но властите продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.
