Македонија

69 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО: „Не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија“

Пред 69 години, на 24 јули 1957 година, почина Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и борец за слободна Македонија.

69 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО: „Не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија“

Денеска се навршуваат 69 години од смртта на Методија Андонов-Ченто, македонски револуционер, државник и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Ченто починал на 24 јули 1957 година во својот роден Прилеп, по долги години прогон, затвор и нарушено здравје.

Методија Андонов-Ченто – претседател на македонската држава

На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година, Ченто бил избран за претседател на Президиумот, поради што често се именува како прв претседател на Македонија. Во текот на својот живот се залагал за слободна, самостојна и обединета Македонија, поголема финансиска независност и власт која ќе му служи на народот. Поради несогласувањата со тогашниот комунистички врв, во март 1946 година поднел оставка од државните функции.

Осуден на 11 години затвор

Неколку месеци подоцна бил уапсен, а во ноември 1946 година бил осуден на 11 години затвор, кој го издржувал во тешки услови во Идризово. По повеќе од девет години бил условно ослободен во 1955 година, со сериозно нарушено здравје. Починал две години подоцна во својот дом, а во 1990 година осудителната пресуда против него била укината и Ченто бил судски рехабилитиран. Зад себе ја остави познатата порака: „Верував во сè, но не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија“.