Економија

СЛОВЕНЕЧКА ИЛИ АВСТРИСКА БАНКА ЌЕ ЈА КУПИ АЛТА БАНКА!?

Словенечка или австриска банка се споменуваат како потенцијални купувачи на Алта банка. Мицкоски најави аукција за крајот на ноември или почетокот на декември.

СЛОВЕНЕЧКА ИЛИ АВСТРИСКА БАНКА ЌЕ ЈА КУПИ АЛТА БАНКА!?

Словенечка или австриска банка ќе ја купи Алта банка?

Продажбата на Алта банка во Македонија влегува во нова фаза, а како потенцијални заинтересирани купувачи се споменуваат банкарски институции од Словенија и Австрија. Аукцијата за продажба, според информациите објавени од „Фактор“, се очекува да се одржи до крајот на ноември.

Мицкоски најавува решение за банката

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Алта банка да добие нов сопственик и да продолжи со работа, со што би се избегнал стечај. Тој нагласи дека новиот сопственик треба да биде финансиска институција, односно друга банка.

„Ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето што се во, би рекол, некаква релација со Алта банката“, изјави Мицкоски при посетата на Охрид.

Аукцијата се очекува кон крајот на ноември

Според премиерот, веќе истекол тридневниот рок за информирање на регулаторот во Србија, а во тек е десетдневниот рок во кој треба да се даде согласност Народната банка да ги отуѓи акциите преку аукција.

По ова следува петдневна постапка за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Мицкоски очекува аукцијата да биде закажана кон крајот на ноември или на почетокот на декември.

Засега нема официјална потврда за купувачот

Иако како потенцијални заинтересирани купувачи се споменуваат словенечка и австриска банка кои веќе работат во Македонија, засега нема официјална потврда за нивниот идентитет, ниту информација дека е доставена формална понуда.

Премиерот не откри која финансиска институција би можела да ја преземе Алта банка, ниту по која цена би се продавале акциите.

Воедно, Мицкоски посочи дека нема ништо против Обвинителството да отвори предмет и да ги испита околностите поврзани со случувањата во банката.

Во меѓувреме, ова е спротивно на првичните информации кои кружеа по медиумите.
Останува да видиме на крајот сепак кој ќе ја купи Алта банка.
Жан Митрев