Хроника

ДЕВЕТНАЕСЕТГОДИШНК УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата пронашла марихуана, бела прашкаста материја и пари

19-годишник од Скопје е уапсен во Ѓорче Петров. Полицијата пронашла марихуана, а при претрес во неговиот дом и бела прашкаста материја и пари.

ДЕВЕТНАЕСЕТГОДИШНК УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата пронашла марихуана, бела прашкаста материја и пари

19-годишно лице од Скопје е лишено од слобода откако полицијата кај него пронашла марихуана на пешачка патека покрај реката Вардар во Ѓорче Петров. Случајот се случил на 9 ноември околу 18:40 часот, кога полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле преглед над Ф.С. и ја пронашле дрогата.

Претрес во домот во Ѓорче Петров со судска наредба

По приведувањето, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, бил извршен претрес во домот и други простории на 19-годишникот. При претресот биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

Ќе следува кривична пријава

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Жан Митрев