Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ПОЖАР НА БИТ-ПАЗАР: Нема повредени, седум противпожарни возила интервенирале
Во пожар на улицата „Никола Мартиновски“ на Бит-пазар интервенирале седум противпожарни возила и 23 пожарникари. Нема повредени, штетата се утврдува.

Нема повредени лица во пожарот што вчера попладне зафати куќа на улицата „Никола Мартиновски“ во скопската населба Бит-пазар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на пожарот, кој избувнал околу 17:20 часот и траел до 20:20 часот, учествувале седум противпожарни возила и 23 пожарникари.
Материјалната штета сè уште не е утврдена
Од ЦУК информираат дека обемот на материјалната штета сè уште не е утврден. Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар остануваат на местото на настанот. Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен во 17:25 часот, по што полициските службеници излегле на терен и констатирале дека гори куќа.
Се утврдуваат причини за пожар
Од МВР соопштија дека пожарот бил ставен под контрола од Противпожарната бригада и дека нема повредени лица. Во нивното соопштение се наведува дека не биле зафатени ниту други објекти. Надлежните преземаат мерки за утврдување на причините и расчистување на околностите на настанот.
View this post on Instagram

