Скопје

ЖИЧАРАТА НА ВОДНО ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ: Реконструкцијата е во завршна фаза, наскоро се враќаат посетителите

Ѓорѓиевски најави дека повторно жичарницата на Водно ќе биде пуштена во функција следниот месец, по реконструкцијата на кабините и моторот.

ЖИЧАРАТА НА ВОДНО ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ: Реконструкцијата е во завршна фаза, наскоро се враќаат посетителите

Жичарницата на Водно наскоро повторно ќе биде ставена во функција, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој соопшти дека реконструкцијата на кабините и моторот е во завршна фаза, а се очекува жичарницата да започне со работа следниот месец. Според Ѓорѓиевски, при преземањето на жичарницата биле констатирани сериозни недостатоци, последици од долгогодишно неспроведување на неопходните големи сервиси и редовно одржување. Поради тоа, бил потребен обемен и темелен зафат, кој бил занемаруван речиси една деценија.

Се реконструираат кабините и моторот

Градоначалникот информира дека кабините се целосно реконструираат, а моторот е испратен на репарирање надвор од државата. Во тек е и обезбедување на неопходните безбедносни проверки, жичарницата и понатаму ќе биде подготвена за користење од граѓаните и туристите.

Следниот месец се очекува повторно да прими посетители

Ѓорѓиевски најави дека во текот на следниот месец, по завршувањето на работите и безбедносните проверки, жичарницата треба повторно да започне со работа. Тој посочи дека целта е Скопје да го добие назад еден од омилените скопски доживувања, со целосно реконструирана жичарница и безбедни услови за сите посетители.

Жан Митрев