Скопје

„ГРАДОТ УБАВ“ СЛАВИ ПРАЗНИК: 82 години од ослободувањето на Скопје

Скопје го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето. На денешен ден во 1944 година, градот бил ослободен од фашистичката окупација.

„ГРАДОТ УБАВ“ СЛАВИ ПРАЗНИК: 82 години од ослободувањето на Скопје

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето, еден од најзначајните датуми во историјата на главниот град. На денешен ден во 1944 година, по неколкудневни жестоки улични борби, единиците на Народноослободителната војска го ослободиле градот од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска ударна бригада.

Повеќе од 420 борци ги положиле животите за слободата

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, чии храброст и жртва остануваат длабоко врежани во историјата на градот. Нивната борба е потсетник на цената на слободата и на историското значење на 13 Ноември.

Осум децении подоцна, Скопје продолжува да ја пишува својата приказна

Осумдесет и две години подоцна, Скопје продолжува да живее, да се менува и да ја гради својата иднина. По повод празникот, ви пренесуваме панорамска фотографија од главниот град, направена во 2008 година. Нека ни е честит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!

ОЗНАКИ: 13 Ноември
Жан Митрев