Македонија

СОПРУГОТ КОЈ ВО ДВА ДЕНА ЈА ПРЕТЕПАЛ ЖЕНАТА Е ОДНЕСЕН ВО БАРДОВЦИ: МВР потврди дека станува збор за лице со нарушено ментално здравје

СОПРУГОТ КОЈ ВО ДВА ДЕНА ЈА ПРЕТЕПАЛ ЖЕНАТА Е ОДНЕСЕН ВО БАРДОВЦИ: МВР потврди дека станува збор за лице со нарушено ментално здравје

Мажот од гостиварско кој ја претепал својата 42-годишна сопруга, која се наоѓа во животозагрозувачка состојба на КАРИЛ, е спроведен во Психијатриската болница во Бардовци. Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдиле дека станува збор за 52-годишно лице со нарушено ментално здравје.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од неговиот татко, кој посочил дека на 27 ноември околу 12:30 часот синот физички ја нападнал сопругата во семејниот дом, при што употребил и остар предмет. Жената првично била пренесена во болницата во Гостивар, а поради сериозноста на повредите во бессознание била транспортирана на скопските клиники. На КАРИЛ ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на четири ребра, делумен пневмоторакс и повреда во пределот на главата.

„ПОГРЕШНИ ВРЕДНОСТИ И СЛАБИ МАЖИЊА“: Адвокатот Јанаки со остра реакција за бруталното насилство врз гостиварчанката

При приведувањето, 52-годишникот давал отпор, физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Жан Митрев