Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ЗИМСКИТЕ УСЛОВИ ГО ОТЕЖНАА СООБРАЌАЈОТ: Забрана за камиони на неколку патни правци, информира АМСМ

Снежно утро низ Македонија. Според најновите информации од АМСМ, останува во сила ова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Ѓавато. Забраната на патниот правец Ресен–Охрид, преку превојот Буково, е укината и патот е прооден за сите видови возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег врне на повисоките делови од земјата. На патниот правец Делчево–граничен премин Делчево сообраќајот е нормализиран и е дозволен за сите видови возила. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
View this post on Instagram
Видео: Вибер група – Инфо сообраќај

