Македонија

ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО ТЕТОВО: Четворица приведени, во угостителски објекти пронајдени дрога и ножеви

Во полициска акција во угостителски објекти во Тетово се приведени четири лица, а биле пронајдени бела прашкаста материја и ножеви.

ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО ТЕТОВО: Четворица приведени, во угостителски објекти пронајдени дрога и ножеви

Полициски службеници од СВР Тетово во текот на изминатата ноќ спровеле координирана акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на градот. Акцијата траела од 23:30 до 2 часот, а биле приведени вкупно четири лица. При контролите полицијата пронашла ножеви и наркотични средства, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пронајдени две кесиња со бела прашкаста материја

При преглед во задниот дел на еден од контролираните угостителски објекти, полициските службеници пронашле две кесиња со бела прашкаста материја. Во останатите објекти биле констатирани повеќе прекршувања и кривични дела. Полицијата продолжува со документирање на сите случаи од спроведената акција.

Три лица приведени поради пронајдени ножеви

Меѓу приведените е и 23-годишниот А.А. од Ново Село, кој се сомничи дека ги омаловажувал полициските службеници додека ги извршувале службените дејствија. Приведени биле и Е.Р. (29) од Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј. (59) од Голема Речица, откако при извршените прегледи кај нив биле пронајдени ножеви. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ОЗНАКИ: ТЕТОВО
Жан Митрев