Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) АПСОЛУТЕН ХАОС ВО СЕУТА: Илјадници луѓе влегле од Мароко, судири со шпанската полиција

Апсолутен хаос владее во шпанска Сеута, откако во текот на ноќта илјадници луѓе навлегле од Мароко по копно и преку морето. По масовното преминување, на повеќе места настанале тензии и судири со безбедносните сили, додека кон полицајците летале камења.
На снимките што се шират на социјалните мрежи се гледаат големи групи луѓе на улиците, полициски интервенции и оштетени возила. Дел од продавниците биле затворени поради страв од инциденти, а локалните власти предупредиле дека градот не може да го издржи огромниот број пристигнати лица. Шпанија испратила дополнителни полицајци и војници за да воспостават контрола, додека прифатните капацитети се целосно преоптоварени.
Напнато било и на границата кај Мелиља, каде исто така дошло до судири со мароканската полиција. Претседателот на Сеута побарал прогласување вонредна состојба поради безбедносниот и хуманитарниот хаос што настанал во градот.
View this post on Instagram
