Македонија
Дознај прв
ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МАТУРАТА: Просечната оценка е 3,66, најуспешни стручните матуранти

Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, откако беа разгледани поднесените приговори. Просечната оценка од сите три типа матура изнесува 3,66. Кај државната матура просекот е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, а кај уметничката матура 3,59.
Министерката Весна Јаневска изјави дека е задоволна од постигнатиот успех, кој е речиси на исто ниво со минатогодишниот просек од 3,69. За полагање на екстерните испити биле пријавени 14.587 ученици, додека 348 од нив не се појавиле на испитите. Најголем интерес имало за англискиот јазик, кој го избрале 13.208 ученици. Оваа година матурантите за првпат полагаа државна, државна стручна или државна уметничка матура.
