Македонија

ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА ВЛЕГУВА ВО ТРЕТА ФАЗА СО ПАРИ ОД ЕУ: На трасата ќе има 21 тунел и 52 моста

ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА ВЛЕГУВА ВО ТРЕТА ФАЗА СО ПАРИ ОД ЕУ: На трасата ќе има 21 тунел и 52 моста

Со грант од Европската Унија во вредност од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од железничката пруга кон Бугарија. За проектот се обезбедени и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Договорите за финансирање на делницата долга 22 километри беа потпишани денеска во Владата. Пругата ќе биде едноколосечна и целосно електрифицирана, наменета за патнички и товарен сообраќај.

На трасата од Крива Паланка кон Бугарија се предвидени 21 тунел, како и 52 мостови и вијадукти. Дел од проектот е и изградбата на прекуграничниот железнички тунел што треба да ги поврзе двете држави. Тендерот за избор на изведувач треба да биде распишан во наредниот период, а почетокот на градежните работи се очекува до крајот на годинава.