Македонија
Дознај прв
ОБВИНИТЕЛОТ ИМА УШТЕ 17 ДЕНА: Без обвинение, Груби ќе биде пуштен од куќен притвор на 22 август

Шестиот, кој воедно е и последен месец од истрагата против поранешниот вицепремиер Артан Груби истекува на 22 август. Доколку обвинителот во следните 17 дена не поднесе обвинение, мерката куќен притвор ќе му биде укината. Од Основниот кривичен суд Скопје велат дека во таков случај судот по службена должност може да определи друга мерка за обезбедување присуство, најчесто одземање на патната исправа. Груби се предаде на граничниот премин Блаце на 23 февруари, по 14 месеци поминати во бегство во Косово. По неколку часа во притвор, мерката му беше заменета со куќен притвор. Тој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра во Државната лотарија. Од Обвинителството соопштиле дека засега нема нови информации за истрагата што може да ѝ бидат соопштени на јавноста.
