Македонија

НА 18 ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК: Гаши распиша предвремени избори во Брвеница

НА 18 ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК: Гаши распиша предвремени избори во Брвеница

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Изборите следуваат по прераната и ненадејна смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни на 58-годишна возраст. Илиевски беше градоначалник на Брвеница во два мандати, а на локалните избори минатата година повторно ја доби довербата на граѓаните. По неговата смрт беше започната постапката за распишување нови избори, додека Советот на Општина Брвеница го именуваше Роберт Милошески за вршител на должноста градоначалник.

Гаши очекува ДИК, Општинската изборна комисија и останатите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално и непристрасно. Тој ги повика политичките субјекти кампањата да ја водат со програми и идеи, а граѓаните одговорно да го искористат своето право на глас.
8m