Магазин

ЕДНО СЕМЕЈСТВО СПАСИ ДВА ЖИВОТА: Хумана одлука во најтешкиот момент донесе нов почеток за двајца пациенти

Органодарителството на едно семејство спаси два живота, а во пресрет на Светскиот ден се упатува апел за поголема свест за дарувањето органи.

ЕДНО СЕМЕЈСТВО СПАСИ ДВА ЖИВОТА: Хумана одлука во најтешкиот момент донесе нов почеток за двајца пациенти

Од најголемата загуба – надеж за двајца пациенти

Во пресрет на 13 август, Светскиот ден на органодарителството, од Министерството за здравство упатија порака за значењето на дарувањето органи. Едно семејство минатиот месец, во еден од најтешките моменти, донело хумана одлука да даде согласност за органодарителство. Благодарение на нивната одлука била извршена трансплантација, со која двајца пациенти добиле нова шанса и поквалитетен продолжеток на животот. Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст, но и за семејство кое во моментот на најголема загуба успеало да помисли на другите.

„Секоја трансплантација е доказ дека луѓето наоѓаат сила да мислат на другите“

„Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот“, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, истакна дека зад секоја трансплантација стои тим, но пред сè една хумана одлука што го овозможува новиот почеток. Органодарителството не е само медицински чин, туку и длабоко човечки гест кој може да биде втора шанса за пациент кој чека. По повод Светскиот ден на органодарителството, апелот е граѓаните да се информираат и да ја подигнат свеста за значењето на дарувањето органи.