Магазин
Дознај прв
ВЕЛЕШАНЕЦ СИЛУВАЛ ШВЕЃАНКА ВО ОХРИД: Полицијата го уапси заради извршување сексуален однос во ноќен клуб
33-годишен велешанец е уапсен во Охрид по пријава од 21-годишна Швеѓанка, која го обвинила за силување во ноќен клуб.

33-годишен жител на Велес е лишен од слобода во Охрид поради сомнение дека сторил кривично дело „силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на 10 август во 18:30 часот полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле К.С. (33) од Велес.
Претходно, истиот ден во 14:35 часот, во СВР Битола 21-годишна девојка од Шведска пријавила дека во текот на ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил сексуален однос со неа без нејзина согласност.
Полицијата информира дека случајот се документира, по што против 33-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
