Македонија

Западно-нилската треска однесе уште една жртва: Почина 72-годишен скопјанец

Западно-нилската треска ја однесе шестата жртва во Македонија. Почина 72-годишен скопјанец, а 18 пациенти се на интензивна нега.

Западно-нилската треска однесе уште една жртва: Почина 72-годишен скопјанец

Шест жртви во земјава од западно-нилската треска

Западно-нилската треска во Македонија ја однесе шестата жртва, откако почина 72-годишен пациент од Скопје. Тој 15 дена бил хоспитализиран на клиника, во исклучително тешка здравствена состојба. Во моментов на интензивна нега се лекуваат 18 пациенти, од кои пет се со тешка клиничка слика. Во меѓувреме, вирусот е регистриран и во други делови од земјава. Во Ресен е пронајден мртов гавран во градскиот парк, кај кој е потврдена западно-нилска треска.

Засилен надзор по појавата на вирусот

Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека случајот со угинатата птица укажува на локална циркулација на вирусот во Ресен. Агенцијата за храна и ветеринарство најави засилен надзор низ целата држава, со земање примероци од живина и диви птици за лабораториски тестирања. Од АХВ информираат дека во изминатите три дена пристигнале повеќе од 100 пријави од граѓани, главно за угинати птици, но апелираат да нема паника при појава на поединечни случаи во урбани средини.