Магазин

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ: „Завет – од светот до изворот“ на 6 декември

Ана и Игор Дурловски на 6 декември ќе одржат голем концерт во СЦ „Јане Сандански“, со 100 музичари и богата програма.

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ: „Завет – од светот до изворот“ на 6 декември

Два оперски гласа со голем музички спектакл

Ана и Игор Дурловски на 6 декември 2026 година ќе одржат голем концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, насловен „Завет – од светот до изворот“. На сцената ќе настапат со 100 македонски музичари од симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентската палка на Ана Спасовска. Концертот ќе трае околу два часа, а публиката ќе има можност да слушне нови аранжмани на познати филмски, оперски и македонски музички дела.

ДУРЛОВСКИ – Од светската сцена назад кон македонските корени

Репертоарот ќе опфати песни како „Shallow“, „Parla piu’ piano“ и „The Book of Love“, како и делови од „Кармина Бурана“ и македонски музички класици. Аранжманите се подготвени во соработка со Сони Петровски, а концертот е замислен како круна на 30-годишната работа на Ана и Игор Дурловски. Организаторите најавуваат вечер која ќе ги спои нивното искуство од светските сцени со македонското музичко наследство. Влезниците се достапни преку MkTickets и нивната продажна мрежа.