Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ГИНИС И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Кристијан Бајовски постави светски рекорд со 1.257 склекови
Кристијан Бајовски официјално е Гинисов рекордер со 1.257 склекови за еден час со дополнителна тежина од околу 9 килограми.

Гинис потврди, 1257 склекови за 1 час + 9 кг
Кристијан Бајовски и официјално е запишан во Гинисовата книга на рекорди, откако „Guinness World Records“ го потврди неговиот подвиг од 28 јуни во Скопје. Бајовски направи неверојатни 1.257 склекови за еден час, со дополнителна тежина од околу девет килограми. Со овој резултат тој го надмина дотогашниот светски рекорд од 1.208 склекови во истата категорија. Подвигот бил резултат на повеќемесечни подготовки, напорни тренинзи и дисциплина.
Македонија доби нов светски рекордер
По завршувањето на обидот следел период на проверка на сите докази и материјали доставени до „Guinness World Records“. По официјалната потврда, Бајовски и формално го запиша своето име меѓу светските рекордери. Неговиот успех претставува значајно спортско достигнување и уште една причина македонското знаме да се најде меѓу светските рекорди.
View this post on Instagram
