Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЛАНДАУ: Во Њујорк разговараа за стратешкото партнерство со САД

Христијан Мицкоски во Њујорк се сретна со Кристофер Ландау и разговараше за стратешкото партнерство, економијата, безбедноста и регионалната стабилност.

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЛАНДАУ: Во Њујорк разговараа за стратешкото партнерство со САД

Фокус на економијата, безбедноста и регионалната стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. На средбата присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа, и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа. Мицкоски соопшти дека на разговорот било отворено прашањето за стратешкото партнерство со САД, како и можностите за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог. Биле разгледани и можностите за соработка во областа на економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот. Посебно внимание било посветено и на улогата на Македонија како членка на НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Мицкоски: Македонските интереси се застапуваат со јасни позиции

Мицкоски оцени дека директниот дијалог на високо политичко ниво е значаен за натамошното зајакнување на односите со Вашингтон. Тој порача дека Македонија настапува со јасно дефинирани државни интереси и определба тие да бидат застапувани пред стратешките партнери, нагласувајќи дека односите треба да се темелат на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка.