Македонија

ИЗВИДНИЦИ СО ЕКО АКЦИЈА НА БАБУНА: Собрани вреќи отпад од клисурата Пешти

Извидници, родители и волонтери собраа повеќе вреќи отпад од клисурата Пешти на Бабуна и упатија апел за заштита на природата.

ИЗВИДНИЦИ СО ЕКО АКЦИЈА НА БАБУНА: Собрани вреќи отпад од клисурата Пешти

Извидници и родители за почиста Бабуна

Во клисурата Пешти кај Велес беше организирана мини еко акција за чистење на просторот покрај реката Бабуна. Во акцијата учествувале извидници, родители и чуварот на Пешти,  кои собрале повеќе вреќи отпад оставен во природата. Собирани биле пластика, стакло, лименки и друг отпад кој не припаѓа во природната средина. Од организаторите посочуваат дека Пешти е едно од најубавите и најнеобичните места во Македонија и претставува значајно природно и културно наследство. Во областа живее и белоглавиот мршојадец, а над клисурата се наоѓаат пештерски цркви стари повеќе од 600 години. Акцијата е апел до сите посетители да се грижат за природата и отпадот што го носат со себе да го вратат назад.

Апел за зачувување на природното наследство

Од иницијаторите упатија благодарност до сите кои учествувале во акцијата и помогнале во расчистувањето на просторот. Тие порачаа дека Пешти е заедничко природно и културно наследство кое треба да се зачува, со повик секој посетител да не остава отпад зад себе.