Македонија
Дознај прв
ДИРЕКТЕН ЛЕТ ДО ДУБАИ: Од март 2027 година Скопје се поврзува со ОАЕ
Од март 2027 година Скопје ќе добие директна авиолинија со Дубаи, а се разгледуваат и директни летови од Охрид до Абу Даби или Шарџа.

„Флај Дубаи“ ќе ја опслужува новата авиолинија
Од март 2027 година Македонија треба да добие директна авиолинија меѓу Скопје и Дубаи, која ќе ја опслужува авиокомпанијата „ФлајДубаи“. Воспоставувањето на директната линија го потврди министерот за транспорт Александар Николоски, по најавите кои подолг период беа во фокусот на Владата. Новата воздушна врска треба да овозможи полесно патување меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, без потреба од преседнување. Паралелно се разгледува и можноста за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во ОАЕ. Како можни дестинации за охридскиот аеродром се разгледуваат Абу Даби и Шарџа, но разговорите за оваа линија сè уште траат. Директното авионско поврзување се очекува да придонесе за развојот на туризмот и деловната соработка меѓу Македонија и ОАЕ, но и да им го олесни патувањето на македонските граѓани кои живеат и работат во Дубаи.
Нови можности за туризмот и бизнисот
Директната линија со Дубаи би претставувала дополнително поврзување на Скопје со еден од најзначајните воздушни центри во регионот. Покрај туристичките патувања, линијата може да го олесни и движењето на деловните луѓе и граѓаните кои имаат работни или семејни врски со Обединетите Арапски Емирати.
