Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ И ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Од 12 октомври системот ќе се применува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ И ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Од 12 октомври системот ќе се применува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

„Безбеден град“ и во Западна Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека системот „Безбеден град“ од 12 октомври ќе започне да се применува и на територијата на СВР Охрид. Тоа ќе ги опфати подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Тошковски во СВР Охрид

Тошковски информираше дека во СВР Охрид се привршуваат подготовките за командниот центар, кој е неопходен за функционирање на системот. Според него, во наредните две недели треба да завршат преостанатите активности околу командниот центар. Тошковски ова го соопшти по работната посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад. Безбеден град ќе важи за цела Западна Македонија. На состаноците биле разгледани и активностите поврзани со безбедноста во сообраќајот, борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и одржувањето на јавниот ред и мир.

Извор: Фактор