Македонија

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ПРЕД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН: Ќе зборува деветти на утринската сесија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, како деветти говорник на утринската сесија.

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ПРЕД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН: Ќе зборува деветти на утринската сесија

Обраќањето на Мицкоски е закажано за 15 часот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според објавената агенда, Мицкоски ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија, која започнува во 15 часот по македонско време. Македонската делегација, предводена од премиерот, во Њујорк продолжува со учество на настани и билатерални средби.

Продолжуваат средбите во Њујорк

Во рамки на посетата, Мицкоски вчера се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што, според објавата на македонскиот премиер, разговарале за состојбите во регионот, добрососедските односи и можностите за соработка. Претходните денови тој имаше средби и со други европски и регионални претставници, меѓу кои Каја Калас, Андреј Пленковиќ и Албин Курти.