Економија
Дознај прв
ДЕНЕСКА ИСТЕКУВА НАМАЛЕНАТА СТАПКА НА ДДВ ЗА ДИЗЕЛОТ: Владата ќе одлучува што понатаму

Намалената стапка на ДДВ за дизелот се применуваше од 15 септември како мерка за ублажување на ценовниот притисок. Владата сега треба да одлучи дали повластените 10 проценти ќе важат и во наредните две недели.
Паралелно, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните малопродажни цени што ќе важат во следните седум дена.
Според последната одлука, дизелот чини 104,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 е на 99 денари, а Еуросупер БС-98 на 101 денар.
Министерката за енергетика Сања Божиновска минатата недела изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку растот на цените продолжи, ќе се разгледаат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Таа потсети дека досега се преземени намалување на акцизата, намалување на ДДВ и договор со МПТА за попуст, но нагласи дека при евентуално продолжување на мерката мора да се земат предвид и фискалните импликации.
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески минатата недела посочи дека намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти им овозможува на граѓаните дневно да заштедат до 350 илјади евра.
Одлуката на Владата ќе покаже дали намалената стапка на ДДВ за дизелот ќе се продолжи или даночната стапка ќе се врати на 18 проценти.
