Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) „КАЈ ИДЕШ БЕ, МАЈСТОРЕ“: Со возилото се искачува преку трева и вози по велосипедска патека – опасност и за пешаците!

Видео пристигна до редакцијата на 24часа, на кое се гледа возач како во скопската населба Автокоманда се исклучува од булеварот, поминува преку трева и се качува на велосипедска патека. Возачот продолжува да се движи по патеката наместо по коловозот. „Кај идеш бе, мајсторе?“, прашува граѓанинот кој го снимил случајот и решил да остане анонимен. Снимката покажува како возилото продолжува по велосипедската патека. Ваквото однесување претставува прекршување на сообраќајните правила и може да биде опасно за пешаците и велосипедистите.
Погледнете го видеото кое ни го пратија до нашата редакција:
View this post on Instagram
Останува прашањето дали и ваквите прекршоци ќе ги регистрира системот „Безбеден град“.
