Хроника
Дознај прв
ХАОС ВО КАЗИНО ВО КИСЕЛА ВОДА: Две лица кршеле инвентар и активирале противпожарни апарати, гости и вработени завшриле на клиника

Две лица предизвикале инцидент и целосен хаос во казино на подрачјето на Кисела Вода, при што бил оштетен дел од инвентарот. Случајот бил пријавен во полиција на 28 септември во 02:35 часот. Според пријавеното, лицата ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон жена, но не ја погодил. Тие оштетиле дел од инвентарот, а потоа активирале и противпожарни апарати. Поради проблеми со дишењето, неколку гости и вработени биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Таму им била укажана лекарска помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Оваа објава наиде на многу препраќања и коментари на нашиот Инстаграм.
