Дознај прв
(ВИДЕО) СЕ ИНТЕНЗИВИРА МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО: Зголемен извоз од наша страна, рудник со антимон, најавени нови инвестиции

Во вчерашното издание на „Тема на денот“ на Сител ТВ гостин беше министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој говореше за продлабочувањето на економската соработка меѓу Македонија и САД. Тој посочи дека во изминатата година има сериозен раст на трговската размена меѓу двете земји, особено преку зголемениот извоз од македонска страна.
Муцунски истакна дека американската DFC е вклучена во проектот за рудник со антимон, а во последните недели се разговара и за нови инвестиции. Според него, средбите и разговорите даваат причина за оптимизам, а се очекува наскоро да има конкретен епилог. Муцунски заедно со премиерот Христијан Мицкоски претходната недела престојуваше во Њујорк, каде учествуваа на Генералното собрание на ОН.
Таму остварија десетици средби, меѓу кои и со американскиот државен секретар Марко Рубио, заменик државниот секретар Кристофер Ландау и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Според најавите, разговорите со американските партнери во наредниот период треба да дадат поконкретна слика за новите инвестиции и економските проекти.
