Скопје

(ВИДЕО) СКОПЈЕ СЕ ЧИСТИ: Стотици жители на кејот, масовна акција на десетина локации

(ВИДЕО) СКОПЈЕ СЕ ЧИСТИ: Стотици жители на кејот, масовна акција на десетина локации

Започна масовната еколошка акција за чистење на Скопје, која денеска се одржува на територијата на сите скопски општини. Стотици жители се приклучија на акцијата, а голем број граѓани се присутни и на кејот на Вардар, каде се чистат јавните површини. Акцијата се одвива на повеќе локации низ градот, со вклучување на општините, ученици, спортисти, јавни личности и граѓани.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претходно најави дека во акцијата ќе учествуваат неколку илјади волонтери. Мотото на акцијата е „Да оставиме пример, не ѓубре“. Од Град Скопје најавија дека вакви акции ќе се организираат двапати месечно, со цел чистењето да прерасне во континуирана иницијатива.