Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА ПЕСНА ЕЧИ ВО ЉУБЉАНА: „Излези момче право на тераса“ одекнува пред дуелот со Словенија, а „Бисер балкански“ се пее во автобус

Македонските навивачи пристигнаа во центарот на Љубљана пред вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Словенија во Лигата на нации. „Излези момче право на тераса“ одекнува низ улиците на словенечката престолнина, a македонската фаланга пее и пали факели во пресрет на натпреварот. Навивачите во голем број ја бодрат репрезентацијата и создаваат атмосфера во македонски ритам. Македонија вечерва од 20:45 часот ќе гостува на стадионот „Стожице“ во Љубљана.
Во првото коло македонската репрезентација загуби од Швајцарија со 0:3, додека Словенија одигра 0:0 против Шкотска. Македонските навивачи со песна и силна поддршка ги испраќаат фудбалерите пред важниот дуел со Словенија.
Видеото ни пристигна од фудбалскиот фанатик Љубомир Димовски.
View this post on Instagram
Песна ечи и по автобуси:
View this post on Instagram