Македонија

АКТЕРОТ ЈОВАНОВСКИ СО ПОРАКА ДО МАРТА КОС: Македонскиот идентитет не се сведува само на пинџур и тавче-гравче 🇲🇰

Владо Јовановски реагираше на изјавите на Марта Кос и порача дека пинџурот не е неговиот идентитет, ниту Македонија треба да стане бугарска за влез во ЕУ.

АКТЕРОТ ЈОВАНОВСКИ СО ПОРАКА ДО МАРТА КОС: Македонскиот идентитет не се сведува само на пинџур и тавче-гравче 🇲🇰

Актерот Владо Јовановски упати порака

Актерот Владо Јовановски упати порака до еврокомесарката за проширување Марта Кос по нејзината посета на Македонија. Тој се осврна на нејзините претходни изјави во кои македонскиот идентитет го поврзуваше со традиционалната кујна. „Пинџурот не е мојот идентитет, госпоѓо ЕУ-комесарке“, напиша Јовановски на Фејсбук. Тој посочи дека пинџурот, тавче-гравчето и полнетите пиперки се прекрасни, но дека тие не го претставуваат целокупниот македонски идентитет. Според него, македонскиот идентитет не треба да стане бугарски за Македонија да влезе во Европската Унија. Јовановски ја критикуваше Кос и за, како што оцени, двосмислените одговори на прашањата поставени од македонските новинари.