Свет
Дознај прв
ФРЕДЕРИКСЕН СО ОСТРА ПОРАКА ДО ТРАМП: Гренланд не е на продажба
Фредериксен порача дека Гренланд не е на продажба, по изјавата на Трамп дека островот треба да биде под контрола на САД.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повтори дека Гренланд не е на продажба и порача дека очекува сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет.
Нејзината реакција доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјавил дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска. Според него, островот има големо значење за американската безбедност, особено поради присуството на руски и кинески бродови во регионот.
Трамп тврди дека Данска не вложува доволно за Гренланд и порача дека САД би можеле да ја преиспитаат својата улога во Европа. Ваквите изјави предизвикаа нови тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген, но и пошироко во рамки на НАТО и Европа.
Гренланд е автономна територија во рамки на Кралството Данска, а интересот на големите сили за островот се зголемува поради неговата стратешка позиција во Арктикот.
