Скопје
Дознај прв
ЃОРЃИЕВСКИ: СЕ ЧИСТИ ДЕПОНИЈАТА ВО РАДУША, ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ
Орце Ѓорѓиевски информира дека се чисти депонијата во Радуша и уверува дека водата за пиење во Скопје е безбедна.

Се расчистува долгогодишната депонија
Градот Скопје денеска спроведува голема акција за расчистување на површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека акцијата се реализира координирано, иако, како што посочи, чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје. Тој нагласи дека депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот Рашче и отфрли простор за паника. Во однос на загриженоста за квалитетот на водата во Скопје, Ѓорѓиевски уверува дека водата за пиење е безбедна.
„Нема простор за паника“
Според Ѓорѓиевски, безбедноста на водата се потврдува и преку секојдневните анализи во лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Тој порача дека резултатите се јасни и дека нема причина за ширење страв и шпекулации меѓу граѓаните. Градоначалникот информираше и дека лицата кои, според него, придонеле за создавање вознемиреност кај скопјани веќе разговараат со надлежните институции. Од Градот најавуваат дека ќе продолжат да реагираат кога станува збор за здравјето и безбедноста на граѓаните.
