Македонија
Дознај прв
25 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР: По четврт век, повторно се отвора прашањето за меѓуетничките односи
Денеска се навршуваат 25 години од Охридскиот рамковен договор со кој заврши конфликтот во 2001 година и беа поставени темелите за меѓуетничките односи.

Договорот што стави крај на конфликтот
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој во 2001 година беше ставен крај на вооружениот конфликт во Македонија. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година и постави рамка за унапредување на правата на заедниците и развој на мултиетничкото општество. Четврт век подоцна, Македонија живее во мир, но прашањата поврзани со спроведувањето на договорот и меѓуетничките односи и натаму се дел од политичката дебата.
По 25 години – различни оценки
Јазикот, правичната застапеност и политичкото учество на заедниците остануваат меѓу темите кои периодично предизвикуваат политички спротивставувања. Поранешниот лидер на ДУИ, Али Ахмети, кој по конфликтот од воен лидер стана политичар, денес смета дека етничките односи во земјата доживеале назадување во изминатите две години. Од друга страна, актуелната власт и претставниците на албанските партии имаат различни оценки за тоа до каде е стигната имплементацијата на принципите од Рамковниот договор.
