Економија
Дознај прв
ГОРИВАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ: Од полноќ дизелот поскап за 6 денари, бензините за 3
Од полноќ поскапуваат горивата во Македонија. Бензините поскапуваат за 3, а дизелот за 6 денари. Ова се новите максимални цени.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 3 денари за литар, додека дизелот ќе биде поскап за 6 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 8 денари за литар, а мазутот поскапува за 1,591 денар за килограм. Новите цени стапуваат на сила од 8 септември 2026 година во 00:01 часот.
ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ НА БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ
Со одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 97 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 99 денари. Новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 101 денар за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе достигне 105 денари за литар.
ПОСКАПУВАЊЕТО СТАПУВА НА СИЛА ОД ПОЛНОЌ
Одлуката претставува просечно зголемување на малопродажните цени од 4,89 отсто во однос на претходната одлука од 31 август. Најголемо поединечно зголемување има кај Екстра лесното масло, додека кај горивата најзначително е поскапувањето на дизелот.
View this post on Instagram

