Хроника

Лажно ветувал странски пасош, Кавадарчанец зел 9.000 евра од жена, потоа бил фатен со обележани пари

Полицијата во Кавадарци фати 32-годишен измамник кај кого биле пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко-технички обработени.Focus keyword:

Лажно ветувал странски пасош, Кавадарчанец зел 9.000 евра од жена, потоа бил фатен со обележани пари

Полицијата во Кавадарци го лишила од слобода М.Д. (32) од Кавадарци, осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за вкупно 9.000 евра. Тој бил фатен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со СВР Куманово.

Прво побарал 400 евра за странски пасош

Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената дека ќе посредува за добивање странски пасош за сума од 400 евра. Потоа продолжил да бара дополнителни парични средства, а таа за кратко време му предала вкупно 9.000 евра. И покрај тоа, тој продолжил со барањата за нови уплати.

Кај него пронајдени обработени банкноти

По преземените мерки, полицијата кај осомничениот пронашла 2.000 евра што ги зел од пријавителката. Парите претходно биле криминалистичко-технички обработени од полициските службеници. М.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител, каде што го признал делото. По целосното документирање, против него ќе биде поднесена кривична пријава за измама.

ОЗНАКИ: измама