Спорт

НЕИЗВЕСНО КАДЕ ЌЕ ИГРА ПЕЛИСТЕР: Стадионот во Битола сè уште не е подготвен за натпревари

Неизвесно е дали Пелистер ќе ги игра есенските натпревари на стадионот во Битола поради санацијата и оштетувањата на тревната подлога.

НЕИЗВЕСНО КАДЕ ЌЕ ИГРА ПЕЛИСТЕР: Стадионот во Битола сè уште не е подготвен за натпревари

Теренот сè уште се санира

Одигрувањето на натпреварите на ФК Пелистер на почетокот на есенската сезона е доведено во прашање поради состојбата со тревната подлога на стадионот во Битола. Итните мерки за санација сè уште траат, а рокот до 15 август се приближува. Според објавените снимки, на теренот и понатаму се забележуваат големи жолти површини, додека делови од тревата се оштетени поради користењето на стадионот за концерти.

Пелистер може да остане без домашен терен

На теренот во изминатиот период се одржуваа големи концерти, при што беа поставени механизација, сцена, рефлектори и заштитни подлоги. Иако за вакви настани се предвидува заштита на тревната површина, според ТЕРА состојбата покажува дека тоа не било доволно за целосно зачувување на теренот. Засега останува неизвесно дали Пелистер и другите екипи ќе можат да ги одиграат најавените натпревари на стадионот со почетокот на сезоната.